понеделник, 26. август 2019. Вести денес: 0
home Вести

Во Женева ќе се казнува за возење пребучен автомобил

Во Женева ќе се казнува за возење пребучен автомобил

Политичари во Женева планираат да воведат казни за возачи на пребучни автомобили кои полицијата ќе ги „лови“ на радари за бучава, објави германското списание Аутобилд.

Женевското градско собрание има намера до средината на оваа година да прогласи обврзно ниво на бучава на автомобилите, камиони и мотори.

Активисти повикуваат градските власти да ограничат бучава на 80 децибели, што е колку и ниво на бучава од машина за перење алишта. И неколку други градови се борат против преголемата бучава во сообраќајот, но тоа го прават со ограничување на брзината.