среда, 20. октомври 2021. Вести денес: 0
home Вести

Во вооружен напад во Авганистан убиена ТВ водителка

Во вооружен напад во Авганистан убиена ТВ водителка

Вооружени лица денеска ја застрелаа ТВ-водителката Малала Маиванд во источен Авганистан, соопштија властите.

– Напаѓачите, рано утрово, отворија оган кон автомобилот на Малала Маиванд, кратко откако таа излегла од куќа во источната провинција Нангархар, изјави портпаролот на гувернерот на провинцијата, Аталах Когиани.

Никој не презеде одговорност за убиството, но огранок на терористичката Исламска држава со седиште во источен Авганистан ја презеде одговорноста за последните напади врз цивили во Авганистан. Талибанците се активни и во оваа област.

Покрај работата како ТВ и радио водителка, Мајнвад беше и активистка, која се залагаше за правата на авганистанските жени и деца. (МИА)

Локални избори 2021