понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 78
home Вести

Во војната против дрога на Филипини во август убиени 444 луѓе

Во војната против дрога на Филипини во август убиени 444 луѓе

На Филипините минатиот месец се убиени 444 осомничени луѓе во рамки на акции за сузбивање шверц на наркотици, објавија денеска филипинските власти.

Вкупната бројка на убиени во војната против дрога  во таа држава досега е 4.854 луѓе. Властите тврдат дека се убиени само луѓе кои давале отпор при апсење.

Бројот на приведени е 155.193 лица, а властите откриле дрога вредна 446,6 милиони долари. Активисти за човекови права тврдат дека таа цифра на цивилни жртви е над 12.000 и во неа се вклучени и убиства од одмазда.

Според анкета на приватна компанија, 26 отсто Филипинци не им веруваат на полициските тврдења дека убиените во војната против дрога возвратиле на огнот, а 27 отсто  и веруваат на полицијата. Според истражувањето, 96 отсто Филипинци сакаат полицијата да ги осомничените живи, додека четири отсто сметаат дека тоа не е важно.

Коронавирус