понеделник, 21. септември 2020. Вести денес: 71
home Вести

Во венецуелската држава Зулија починале 22 лекари од коронавирус

Во венецуелската држава Зулија починале 22 лекари од коронавирус

Најмалку 22 лекара починале од последици на коронавирус во државата Зулија, во северозападниот дел на Венецуела, изјави претседателката на лекарското здружение Даниела Пара.

– Сите можат да забележат дека здравствените работници ја плаќаат највисоката цена поради пандемијата, истакна Пара.

Таа додаде дека лекарите предложиле мерки за намалување на ризиците во кои работат лекарите на првата линија на фронтот во борбата против Ковид-19.

Коронавирус