четврток, 20. јануари 2022. Вести денес: 37
home Вести

Во Велика Британија болнички сали наречени според училиштето на Хари Потер

Во Велика Британија болнички сали наречени според училиштето на Хари Потер

Лекарите во болницата Ројал Бурнмаут во Дорсет, Англија, кои секојдневно се борат со коронавирусот, одлучија болничките одделенија и салите да ги именуваат според куќите во волшеничкиот универзитет „Хогвортс“ од популарниот серијал книги и филмови со наслов „Хари Потер” на писателката Џоан К. Роулинг.

Така, салите за состаноци ги добија имињата Грифиндор, Слитерин, Хафлпаф и Равенкло.

Од болницата соопштија дека оваа идеја им дошла одлично, како еден вид забава во времето на значајни прашања и одговори. Еден од шефовите на одделение, Алек Маслен истакна дека идејата потекнала од помладите колеги кои израснале со оваа современа британска класика.

И авторката Роулинг се огласи на Твитер, велејќи дека досега не била толку горда отколку во овој миг.

Коронавирус