вторник, 18. декември 2018. Вести денес: 177
home Вести

Во Вашингтон се крчка „Кремљска листа“

Во однос на новиот бран санкции против Русија, познавачите велат дека санкциите се специјално дизајнирани да им наштетат пред се на бизнис интересите на глобално ниво на многумина руски олигарси кои ја користат блискоста со Кремљ и кои се гарант на моќта и влијанието на рускиот претседател Владимир Путин.
Во Вашингтон се крчка „Кремљска листа“

Во предвечерје на објавувањето на „Кремљската листа“ на санкции од страна на американската Администрација, која ќе биде составен од високи руски официјални лица и бизнисмени блиски на Кремљ, во американскиот главен град се интенизивира дебатата за хакерските операции на руските специјални служби и нивната улога во девалвирање на западните демократски вредности.

На разни панели деновиве руски и американски новинари и меѓународни експерти ги споделуваат своите искуства за евиденција на руските хакери, како се регрутираат кадри и како тие функционираат, како и нивната улога во хакирањето на електронската пошта и институциите на демократите за време на изборната кампања лани и во 2015.

Заслугата за победата на Доналд Трамп на претседателските ибори во 2016 година многумина и ја припишуваат на Москва и на координираните „руски хакерски напади на демократијата насекаде низ светот, посебно во САД“.

„Кремљската листа“ е логичен тек на настаните, дел од санкциско-казнените мерки што Вашингтон и сојузинците ги подготвија за Москва, по анексијата на Крим и конфликтот во источна Украина, придружени со сеење раскол и лажни вести и пропаганда во многу европоски земји, како и хакерски упади и мешање за време на избори и референдуми.

Да привлече поголемо внимание за оправданоста на ова драстично проширување на санкциите, неволно поптишани од самиот Трамп на 2 август 2017 со указот „За противмерки на непријателите на САД со помош на санкции“, сенаторите демократи објавија извештај, кој, според некои коментатори, е прежесток во квалификации за наводната „руска закана“, имајќи го пред вид и драматичниот назив „Путиновиот асиметричен напад врз демократиите: Последиците за националната безбедност на САД“.

Во однос на новиот бран санкции против Русија, познавачите велат дека санкциите се специјално дизајнирани да им наштетат пред се на бизнис интересите на глобално ниво на многумина руски олигарси кои ја користат блискоста со Кремљ и кои се гарант на моќта и влијанието на рускиот претседател Владимир Путин.

Ним ќе им се ограничи пристап да странскиот капитал и недвижности по монденските ривиери на Европа и Америка, стекнати од врските со Путин во изминативе 18 години. За нив тоа ќе биде како запирање на вентилот за дишење чист воздух – високите бизнис кругови во Русија со страв и трепет го очекуваат обелоденувањето на листата.

Односно, сега цел не се руски банки, државни нафтени компании и агенции од воено-индистрискиот комплекс, туку конкретни лица кои ако му откажат послушност на Путин, тоа може да создаде услови за внатрешен преврат и пад на режимот, смета вашингтонската експертска јавност.

Очигледно, досегашните санкции не беа доволни. Руската економија во 2018 излегува од рецесија по три долги години криза, со помош на ригорозната економска политика на протекционизам, промовирана од владата во Москва од крајот на 2014. Политика на замена на увозните производи и услуги со домашни производи и услуги, или таканареченото „импортозамешчение“.

Детали од проширените санкции засега не се откриваат. Но, според извори на МИА од поранешни соработници на Админстрацијата на поранешниот претседател Барак Обама, на списокот може да се најдат повеќе од 50 високи руски чиновници и олигарси или околу 300 луѓе, ако се вклучат и членовите на семејствата.

– Администрација на претседателот активно работи на извештајот за санкциите. Документот го подготвуваат експерти од Министерството за финансии, Стејт департментот и многу други државни установи, вклучувајќи ги тука и специјалните служби, изјави при крајот на септември Даниел Фрид, поранешен координатор на политиките за санкции на Стејт департментот.

Според него, спискот треба да биде објавен во текот на февруари.