понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 179
home Вести

Во Украина рекордни 16.218 новозаразени со коронавирус

Во Украина рекордни 16.218 новозаразени со коронавирус

Во Украина се регистрирани 16.218 нови случаи на коронавирус, што е најголема бројка во еден ден од почетокот на пандемијата, изјави денеска украинскиот министер за здравство Максим Степанов.

Британските медиуми пренесуваат дека со новопотврдените случаи се надмина рекордот од претходниот ден, кога имаше 15.331 инфицирани.

Од почетокот на пандемијата во Украина се заразени 693.407 лица, а од нив 11.909 умреле.

Коронавирус