петок, 5. март 2021. Вести денес: 138
home Вести

Во Украина над 900 илјади заразени со Ковид-19

Во Украина над 900 илјади заразени со Ковид-19

Вкупниот број на потврдени случаи на заразени со новиот коронавирус во Украина надмина 900.000, соопшти денеска министерот за здравство Максим Степанов.

Тој наведе дека во последните 24 часа се регистрирани 6.451 нов случај на заразени и дека други 93 лица починале како резултат на таа инфекција.

Украинската Влада минатата недела објави дека ќе воведе остри мерки со затворање во јануари, со цел да се запре ширењето на Ковид-19. Мерките ќе вклучуваат затворање на училишта, кафулиња, ресторани, спортски сали и ќе бидат во сила од 8 до 24 јануари.

Владата воведе заклучување за време на викендите минатиот месец и ги затвори или ограничи повеќето деловни активности, освен продавници за храна, аптеки, болници и превоз. Тие ограничувања беа укинати на 2 декември.

Коронавирус