петок, 22. октомври 2021. Вести денес: 169
Во живо

ВО ЖИВО: Мини митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Демир Хисар

home Вести

Во Уганда уапсен пејачот Вајн, кој е и претседателски кандидат

Во Уганда уапсен пејачот Вајн, кој е и претседателски кандидат

Полицијата на Уганда денеска го упаси популарниот пејач Боби Вајн, опозициски кандидат на престојните претседателски избори во 2021 година, непосредно откако беше официјално потрвдена неговата кандидатура.

Според очевидците, Вејн бил извлечен од неговиот автомобил и покрај судирот со неговите приврзаници полицијата успеала да го стави во комбе.

Властите често го обвинуваа Вајн дека планира протести, што би можеле да го загрозат јавниот ред и мир, а пејачот ги негира таквите наводи.

Експертите тврдат дека долгогодишниот претседател на Уганда, Јовери Мусевени се повече се потпира на вооружените сили за да остане на власт. (МИА)

Локални избори 2021