недела, 25. октомври 2020. Вести денес: 33
home Вести

Во Турција во недела се одржуваат претседателски и парламентарни избори

Во Турција во недела се одржуваат претседателски и парламентарни избори

Во Турција в недела, на 24 јуни, ќе се одржат вонредни претседателски и парламентарни избори откако народот на референдум гласаше за воведување претседателски систем на 16 јули минатата година.

Тоа ќе бидат и првите избори што се одржауваат во вонредната состојба воведена во државата по обидот за државен удар во јули 2016 година.

Фаворит е актуелниот шеф, Реџеп Тајип Ердоган, кој речиси 16 години победува на сите избори во кои учествуваше.

Експерти тврдат дека политичкиот јаз во Турција денес е поголем од кога било досега, и ако Ердоган победи на претседателските избори, тоа ќе биде врв на неговата политичка кариера.

Ако, сепак, в недела Ердоган не победи на претседателските избори во првиот круг и е принуден да оди во вториот круг, тоа би можело да остави голема дамка во неговата успешна кариера, велат аналитичари.

Во оваа долга кариера Ердоган претрпе огромни трансформации од 2004 година, кога белгиски Јуропиан Воис го прогласи за „Европска личност на годината”. Тој стана целосна спротивност со она што беше и неговите критичари и опозицијата предупредуваат на негова авторитативност.

Неговата диктатура и авторитативност се повеќе ја критикуваат официјални лица од Европската унија, обвинувајќи го дека намерно ги кочи преговорите кои Турција ги води речиси половина век.

Анкети во предизборниот период, укажуваат дека Ердоган добие меѓу 45 и 55 отсто поддршка од турските граѓани, но реалноста е сосема поинаква, затоа што, според многу толкувања на аналитичари, тој може да добие и 10 отсто помалку поддршка.

Таа помала поддршка би можела да дојде поради тоа што проблемите во Турција почнаа да се акумулираат.

Денешната турска економија се соочува со зголемен број тешкотии – особено по неуспешниот обид за државен удар и вонредната состојба, турската лира опадна за повеќе од 30 отсто, странските инвестиции во целина речиси и да нема, како и опаѓањето на довербата на другите земји во турската економија.

Покрај тоа, Турција во моментов е четврта меѓу земји со највисоки каматни стапки – по Аргентина, Венецуела и Иран.

Аналитичарите велат дека првпат Ердоган нема постигнато нови успеси и не е дури во состојба да се справи со економијата на земјата. Проблеми, исто така, се случуваат во здравството и образованието.

На конечната листа на кандидати за предвремени претседателски избори во трката ќе бидат шест кандидати: Догу Перинчек, Мерал Aксенер, Мухарем Инџе, Реџеп Тајип Ердоган, Селахатин Демирташ и Tемел Карамолаоглу.

Кој и да победи, со новиот претседателски систем на Турција ќе има широки овластувања – претседателски систем на владеење во држава во која веќе нема да има премиер.

Кандидат на најсилната опозициска Народна републиканска партија е Инџе, но не и на лидерот на таа партија, Кемал Киличдароглу, кој е најгласен политички противник на Ердоган.

Кандидатката на опозициската Добра партија е лидерката Акшенер, која е релативно нова политичка опција.

Таа собра за кандидатура 100.000 потписи од граѓаните, што е спротивно на Ердоган и Инџе, кои се номинирани од пратеничките позиции во Парламентот на Турција.

И лидерот на опозициската партија Садет Карамолаоглу собра потребни 100.000 потписи за своја кандидатура.

Народната опозициска Демократска партија го номинираше водачот Демирташ, кој заедно со 12 пратеници од партијата, од крајот на 2016 година, се наоѓа во притвор поради обвиненијата во врска со ПКК.

И опозициската Ватан партија собра потписи од граѓаните и за претседателските избори го номинираше својот водач Паринчек.

Во согласност со законските измени, турскиот парламент ќе има 600 наместо 550 членови во иднина.Претседателот на државата и парламентот се избираат за период од пет години.

Коронавирус