недела, 25. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Во Турција се разгледува можноста за укинување на системот „All inclusive“ во хотелите

Во Турција се разгледува можноста за укинување на системот „All inclusive“ во хотелите

Туристичкиот сектор во Турција ја разгледува можноста за напуштање на системoт „All Inclusive“, објави Хуриет, повикувајќи се на Здружението на трговци и занаетчии.

Според податоците од индустријата, системот веќе е исцрпен и покрај фактот што бројот на туристи го надмина нивото од 2014 година, додека приходите не се зголемуваат, па дури и се намалуваат.

Турскиот министер за туризам и култура, Мехмед Ерсој, исто така верува дека нешто мора да се промени и дека земјата треба да се залага за повеќе пари од туристите. Во моментов, според хотелиерите, просечниот приход од човек е 76 евра дневно.

Се очекува во 2018 година Турција да ја посетат 36 милиони туристи, што ќе донесе околу 30 милијарди долари приходи. Најмногу туристи се од Русија, 4,5 милиони минатата година,потоа Германци – 3,5 милиони и Бугари – 1,85 милиони.

Коронавирус