петок, 14. мај 2021. Вести денес: 0
home Вести

Во Турција регистриран рекорден број на новозаразени со коронавирусот

Во Турција регистриран рекорден број на новозаразени со коронавирусот

Турција денеска повторно регистрира рекорден број новозаразени со коронавирусот, откако во последните 24 часа позитивни се тестирани 63.082 луѓе, што е највисока бројка од почетокот на пандемијата.

Во истиот период починале 289 пациенти, со што вкупниот број на смртни случаи од почетокот на пандемијата достигна 35.320.

Турција е на четврто место во светот според бројот на новозаразени со Ковид-19. Досега се потврдени повеќе од 4,1 милиони случаи на коронавирусот.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган најави неколку нови рестриктивни мерки и „делумно затворање“ во текот на првите две недели од исламскиот свет месец Рамазан со цел сузбивање против растечката зараза.

Коронавирус