сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 110
home Вести

Во Турција приведени над 150 странци поради сомневања за тероризам

Во Турција приведени над 150 странци поради сомневања за тероризам

Турските власти приведоа 267 осомничени во врска со терористички организации, јави Анадолија. Меѓу нив има 161 странец.

Полицијата верува дека осомничените екстремисти планирале напади за новогодишната ноќ. Не беа откриени детали. Апсењата беа извршени за време на кации во 33 населени места и провинции меѓу 20 и 31 декември, додава Анадолија повикувајќи се на соопштение од Министерството за внатрешни работи.

Не е откриено која националност се странците. Одделно, турските имиграциони власти приведоа 69 странци со „врски со зоните на конфликти“.

Властите запленија пиштоли, експлозиви и дигитални документи поврзани со терористички групи во операција против 69 луѓе. Не се споменува за конкретна терористичка група.

Коронавирус