сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Во Трст конференција за превенција на безбедносни ризици во ЈИЕ

Во Трст конференција за превенција на безбедносни ризици во ЈИЕ

Претставници на влади, меѓународни организации и цивилниот сектор ќе учествуваат денеска во Трст на конференција за соработка во врска со безбедносните ризици во Југоисточна Европа.

Учесниците на конференцијата ќе разговараат за дезинформации и лажни вести во Западен Балкан, нелегална миграција, контрола на мало и лесно оружје и борба против тероризам и радикализација на млади луѓе.

Четвртата регионална конференција за координација на превенција на безбедносни ризици, во ЈИЕ – Регионален одговор на безбедносните предизвици, ја организира Советот за регионална соработка  во соработка со италијанското Министерство за внатрешни работи, Интегрирано управување со внатрешна безбедност  во Западен Балкан, Регионална иницијатива за миграции, азил и бегалци и Центарот за контрола на мали илесни оружја за Југоисточна и Источна Европа во рамките на Програмата за развој на ОН (УНДП).

Коронавирус