понеделник, 23. ноември 2020. Вести денес: 151
home Вести

Во светот досега се регистрирани 111.381 луѓе заразени со коронавирус, починале 3.882 лица

Во светот досега се регистрирани 111.381 луѓе заразени со коронавирус, починале 3.882 лица

Според последните податоци, во светот досега се регистрирани 111.381 луѓе заразени со новиот коронавирус. Од нив починале 3.882 лица, а 62.661 оздравеле.

– Едно лице кое работело на одржување на комплексот Дизниленд во Париз е позитивен на новиот коронавирус, соопшти портпаролот на паркот. Тој рече дека вработениот не бил во контакт со посетители и оти забавниот паркот останува отворен.

– Европскиот парламент разгледува предлог за откажување на денешната седница поради епидемијата, најавија двајца неименувани претставници. Седницата требаше да се одржи во Стразбур.

– Во Париз ќе биде ограничена посетата на Лувр.

– Британската Влада ќе се бори со лажните вест во врска со епидемијата на коронавирусот и создаде специјален тим за борба против дезинформациите.

– Британците кои се враќаат од најпогодените делови на Италија задолжително ќе мора да се самоизолираат 14 дена.

– Јужна Кореја соопшти за 96 нови случаи, со што вкупниот број е 7.478. Од вирусот починале 51 човек.

– Виетнам соопшти дека патници што доаѓаат од Кина и Јужна Кореја се ставаат во карантин 14 дена.

– Катар ја прекина наставата во училиштата и универзитетите. Мерката стапува во сила утре.

– Индија ги затвори пристаништата за сите странски бродови за да се намали ризикот од зараза.

– Јапонија соопшти за 16 смртен случај. Се работи за жител на Токио на возраст од 90 години.

– Најголемиот британски синџир на супермаркети Теско ја ограничи продажбата на основни продукти. Купувачите одеднаш можат да купат најмногу пет антибактериски гелови, пет пакети тестенини, млеко и зеленчук во лименки.

– Бројот на жртви во САД достигна 22.

– Во Италија е воведена казна до 206 евра за сите оние кои ќе прекршат забрана за движење во без да имаат соодветно оправдување. Казната може да биде преиначена и во затвор до три месеци.

– Крузерите кои влегуваат во Порторико ќе мора да докажат дека на бродот нема коронавирус.

– Најмалку 11 луѓе загинаа во хотелот-карантин кој во саботата се урна во Кина.

– Италијанскиот премиер Конте во интервју за весникот „Ла Република“ рече: Деновиве размислував што читав за Черчил: Ова е нашиот најмрачен момент, но ќе се извлечеме.

– Пациент за кого постои сомневање дека има коронавирус избегал од болница во индискиот град Мангалоре. Се уште се трага по него.

– Иран соопшти дека уште 43 лица починале, со што вкупниот број на жртви се зголеми на 237 починати. Вкупно се заразени 7.161 луѓе, што е за 595 повеќе од претходниот ден.

– Изгледа дека жените и децата подобро го поднесуваат вирусот. Повеќето луѓе ќе добијат блага инфекција, но формата на болеста е сосема очигледна кај најтешките случаи.

– Србија донесе одлука да се откажат сите училишни патувања. Забраната се однесува на матурските и студиски патувања и размена на ученици и студенти и важи за сите училишта и универзитети.

– Француската Централна банка ја намали прогнозата за раст во првото тромесечие од 0,3 на 0,1 проценти.

– Една градинка на подрачјето на Барселона е затворена откако една вработена била позитивна на коронавирусот. И тројца членови на градскиот совет на Барселона се во домашен карантин. Во Шпанија има 959 заразени и 25 починати.

– Припадник на персоналот на НАТО во главното седиште во Брисел е позитивен на новиот коронавирус. Тој кон крајот на минатата недела се вратил од одмор во северна Италија и не се чувствувал добро, по што бил тестиран.  (МИА)

Коронавирус