петок, 3. декември 2021. Вести денес: 55
home Вести

Во сударот на двата воза во Чешка погинаа двајцата машиновозачи и една патничка

Во сударот на двата воза во Чешка погинаа двајцата машиновозачи и една патничка

Три лица загинаа во сударот на двата патнички воза, што се случи утринава во југозападниот дел на Чешка, додека десетици патници се повредени.

Чешките железници јавија дека во сударот учествувале локален патнички воз и меѓународен брз воз, што од Минхен се движел кон западниот чешки град Плзен и понатаму кон Прага, главниот град на Чешката Република, пренесуваат американските медиуми.

Полицијата соопшти дека најмалку три лица загинаа во несреќата што се случи малку по 8 часот утринава во градот Милавче.

Меѓу жртвите се машиновозачите на двата воза и една патничка, соопштија властите.

Десетици други лица се повредени, од кои пет потешко, се наведува во соопштението на Противпожарната и спасувачка служба на регионот Плзен.

Повредените со четири хеликоптери се пренбесени во блиските болници и во Прага, додека тројца патници што зборувале германски јазик боле пренесени во болниците во Германија.

Регионалната спасувачка служба соопшти дека на вкупно 52 лица им било потгребно згрижување. На чешките спасувачи во помош им притекнале нивните колеги од Германија.

Сликите од местото на несреќата покажуваат дека предниот дел од брзиот воз, со кој управуваат германската компанија „Лендербан“ и „Чешки железници“, е сериозно оштетен.

Чешкиот министер за транспорт, Карел Хавличек изјави дека причина за несреќата најверојатно е човечка грешка, и дека машиновозачот на брзиот воз не застанал на одредено место.

-Ситуацијата е сериозна, рече министерот Хавличек.

Коронавирус