петок, 4. декември 2020. Вести денес: 81
home Вести

Во Сомалија убиени 27 војници

Во Сомалија убиени 27 војници

Најмалку 27 војници се убиени во напад со автомобил-бомба од страна на припадници на екстремистичката група Ел Шабаб врз воената база Бар Сангуни во јужна Сомалија.

Групата соопшти дека ја зазела воената база и оти некои војници избгале во џунглата.

Ел Шабаб се бори за симнување од власт на централната Влада заради воспоставување нивна власт со строго придржување до шеријатскиот закон.

Екстремистите оваа воена база ја нападнаа и во јуни, кога беа повредени седум војници.

Името на групата на арапски значи „Младост“ или „Млади“.

Тие претставуваат радикално младинско крило на забранетата Унија на Исламски судови во Сомалија, која во 2006 година го контролираше Могадишу, пред армијата да ја протера Унијата.

И САД и Велика Британија ја означија и забранија како терористичка група, а се верува дека има меѓу 7.000 и 9.000 борци.

МИА

Коронавирус