сабота, 28. март 2020. Вести денес: 2
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Во Словенија заразени 528 лица, од нив 73 се здравствени работници

Во Словенија заразени 528 лица, од нив 73 се здравствени работници

Бројот на заразени со коронавирусот во Словенија се зголеми на 528 лица, што е за 50 повеќе од вчера, покажуваат податоците на Националниот институт за јавно здравје.

Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, меѓу заразените има и 73 здравствени работници.

Денеска е регистрирана уште една жртва на Ковид-19, а се работи за постаро лице кои било сместено во домот за стари лица во местото Шмарје при Јелшах.

– Домовите за стари лица се критични точки, пред се поради структурата на луѓето таму, па затоа треба внимателно да се следи ситуацијата на тие места – изјави министерот за здравство Томаж Гантер.

Во Словенија засега пет лица починаа како последица на Ковид-19.