четврток, 16. септември 2021. Вести денес: 66
home Вести

Во Словенија се зголемува бројот на новозаразени со коронавирус

Во Словенија се зголемува бројот на новозаразени со коронавирус

Поради забрзаното ширење на позаразната делта варијанта на коронавирусот, бројот на новозаразени во Словенија оваа недела е за 45 проценти поголем од претходната и највисок во последните седум недели.

Во последните 24 часа тестирани се 1.673 граѓани на Словенија, од кои 135 се позитивни, т.е. 8,1 проценти, што е за цел процент повеќе од претходниот ден, пренесува агенцијата СТА.

Динамиката на заразување во период од две недели во моментов изнесува 48 случаи на 100.000 жители, а бројот на активни случаи во Словенија денеска е 1.044, се вели во соопштението на Националниот институт за јавно здравје. (МИА)

Коронавирус