четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 2
home Вести

Во Словенија се отвораат кафеаните, продолжено време за супермаркетите

Во Словенија се отвораат кафеаните, продолжено време за супермаркетите

Словенија од денеска ги отвори библиотеките, галериите и музеите, поради поповолна епидемиолошка состојба поврзана со коронавирусот, а наредниот понеделник е дозволено да работат гостилниците и локалите со места на отворено – тераси и градини.

Исто така, се најавуваат нови ограничувања, но засега не е одредено до кога се забранува напуштањето на матичните општини.

Владата по синоќешната седница објави дека библиотеките, галериите и музеите се отворени од среда, а агенциите за недвижнини и чистачите на оџаците можат повторно да работат.

Од понеделник, ќе бидат отвореи гостилниците и кафеаните со простор на отворено – тераси и градини, а укината е и мерката според која луѓето над 65 години можат да вршат набавки само од 8 до 10 часот наутро.

Работилниците за поправка на облека и обувки и клучарите, повторно ќе можат да работат во понеделник.На фотографите, фотокопирите, кројачите, продавачите на часовници и накит, производителите на мебел и на кожни производи, повторно ќе може да ги нудат своите услуги.

Потоа, ќе се отворат салоните за убавина, маникир и хигиена, ќе бидат достапни масажа и педикир, додека други активности, како сауна, велнес центри, пирсинг, тетовирање и слично ќе останат затворени затоа што нивните делувања во време на епидемијата сè уште се смета за ризик за пренесување на коронавирус.

Со цел да се спречи евентуалнен метеж пред претстојните Првомајски празнувања, владата донесе одлука за продавниците каде се претежно се продаваат продукти, а кои биле отворени до сега, да може да работат и од 8 до 13 часот во недела.

Според најавата, владата ќе донесе одлука за ублажување на некои ограничувања и започнување на некои економски активности на денешната нова седница, додека укинувањето на забраната за напуштање на матичните општини сè уште не е планирано, но можно е да се ублажи мерката.

Според словенечките медиуми денес, министерката за образование, наука и спорт Симона Кустец објави дека училиштата и градинките би можеле повторно да се отворат на 11 мај, но прашањето е сè уште отворено и епидемиолозите имаат поделени мислења.

Коронавирус