понеделник, 21. септември 2020. Вести денес: 130
home Вести

Во Словенија рекорден број на новозаразени со коронавирусот

Во Словенија рекорден број на новозаразени со коронавирусот

Во изминатите 24 часа во Словенија се регистрирани 79 нови случаи на коронавирус од 2.560 тестирани лица, што е дневен рекорд од 4 март, кога се појави првиот случај на Ковид-19 во земјата, покажуваат најновите податоци на Владата.

Во моментов има 590 активни случаи.

Вкупно 33 пациенти се наоѓаат во болници, од кои четворица се на интензивна нега, според податоците на страницата covid-19. sledilnik.org.

Вчера немаше смртни случаи, па вкупниот број на смртни случаи остана на 135 починати.

Од појавата на првиот случај на Ковид-19 во Словенија, регистрирани се 3.312 заразени лица.

Коронавирус