понеделник, 6. јули 2020. Вести денес: 281
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

home Вести

Во Словенија четири дена по ред нема новозаразени со коронавирусот

Во Словенија четири дена по ред нема новозаразени со коронавирусот

Националниот институт за јавно здравје на Словенија објави дека во земјата четврти ден по ред не е регистриран ниту еден нов случај на заразен со коронавирусот, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Болнички, поради Ковид-19, се лекуваат само уште 18 лица, од кои четири со потешка форма на болеста се на одделите за интензивна нега.

Од почетокот на пандемијата во земјата вкупно беа инфицирани 1468 лица.

Словенија е првата земја во Европа која прогласи победа врз коронавирусот.

Рестораните и кафулињата во главниот град Љубљана се полни со гости, а отворени се и внатрешните делови на објектите.

Сепак, здравствените власи неколку пати потенцираа дека ваквиот добар резултат во справувањето со коронавирусот се должи исклучиво на големата дисциплина на граѓаните, навремените мерки на Владата и одговорното однесување на сите општествени чинители. (МИА)

Парламентарни избори 2020