петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Во Словачка почна масоно тестирање на населението за Ковид-19

Во Словачка почна масоно тестирање на населението за Ковид-19

Словачка почнува со скрининг на целото население (лица над 10-годишна возраст) за новиот коронавирус со брзи антиген-тестови, што би било прво тестирање на цела нација. Критичарите велат дека планот на владата не е добро осмислен.

Околу 45.000 медицински работници, војници и полицајци ќе бидат на располагање да ги извршат тестовите врз 5,4 милиони жители во таа членка на ЕУ. Тестовите ќе бидат извршени во околу 5.000 медицински пунктови.

Премиерот Игор Матович рече дека мерката ќе спаси „стотици животи“. Антиген-тестовите даваат брзи резултати – понекогаш за неколку минути – но не се сметаат за толку веродостојни како PCR-тестот.

Учеството на тестот не е задолжително, но секој што не може да претстави документ за негативен тест доколку биде запрен од полицијата може да добие голема парична казна.

Секој кој има позитивен тест, треба веднаш да се стави во карантин за 10 дена. Според премиерот, масовниот скрининг ќе овозможи отстранување на ограничувањата поврзани со ширењето на коронавирусот.

Словачка ќе биде првата земја што ќе преземе таква мерка, иако во некои кинески градови се спроведени и масовни тестови за население. Помалите европски земји како Луксембург и Монако исто така најавија свои програми за масовно тестирање.

Коронавирус