понеделник, 18. октомври 2021. Вести денес: 28
home Вести

Во Сирија се вратиле повеќе од два милиони бегалци

Во Сирија се вратиле повеќе од два милиони бегалци

Повеќе од два милиони сириски граѓани се вратија во својата татковина, изјави денеска шефот на Рускиот национален центар за државна одбрана, генерал-полковник Михаил Мизинцев, кој е и шеф на Заедничкиот координативен центар за бегалците што се враќаат во Сирија.

-До денеска, повеќе од 2.278.000 сириски граѓани се вратија во своите домови, над 1.362.000 се внатрешно раселени лица, а над 915.000 бегалци се дојдени од странство, рече Мизинцев на состанокот на Заедничкиот координативен центар на кој присуствуваа руски и сириски претставници.

Тој информира и дека се поставени десет контролни пунктови, кои работат дење и ноќе за да го олеснат враќањето на бегалците.  (МИА)

Локални избори 2021