среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 0
home Вести

Во Сирија сè уште се наоѓаат 73 албански граѓани

Во Сирија сè уште се наоѓаат 73 албански граѓани

Во Сирија сè уште се наоѓаат 73 албански граѓани, за чие враќање албанските власти подготвуваат посебен план.

-Во финална фаза е подготовката на акцискиот план за дел од своите граѓани кои чекаат да се вратат и да се реинтегрираат. Тоа во многу тесна и динамична соработка со институциите за спроведување на законот, со Обвинителството, полицијата, но и со локалната власт. Во исто време, разгледани се и други компоненти, социјални, економски, психијатриски и едукативни, изјави за „Топ чанел“ координатор на Центарот за борба против насилниот екстремизам, Агрон Сојати.

Според истиот извор за финализирањето на операцијата за враќање на албанските граѓани од Сирија, постои одреден скептицизам, поради опасноста од нивното доаѓање што се чувствува меѓу граѓаните во Албанија. Посебно постои загриженост околу разбирањето и подготвеноста на граѓаните на Албанија да помогнат.

На боиштата во Сирија и во Ирак, на страната на Исламска држава војувале околу 150 албански граѓани, а потврдена е смртта на 26 од нив. (МИА)