петок, 15. јануари 2021. Вести денес: 169
home Вести

Во Сингапур регистриран новиот позаразен вид на коронавирус

Во Сингапур регистриран новиот позаразен вид на коронавирус

Властите во Сингапур го потврдија првиот случај на новиот, позаразен вид на коронавирус, што првпат се појави во Англија.

Според Министерството за здравство, станува збор за тинејџер (17), кој студирал во Велика Британија, а националната лабораторија за јавно здравје испитува можни нови случаи на Ковид-19 од патници кои пристигнуваат од Европа.

Вкупно се разболеле 31 лице од Европа, кои пристигнале во Сингапур во периодот од 17 ноември до 17 декември, а 12 од нив сигурно не биле заразени со многу заразниот вид Б117. (МИА)

Коронавирус