сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 89
home Вести

Во Шпанија се подготвува нова вонредна состојба за да се спречи ширењето на Ковид-19

Во Шпанија се подготвува нова вонредна состојба за да се спречи ширењето на Ковид-19

Шпанскиот премиер Педро Санчез свика итна седница на Владата денеска за да подготви нова вонредна состојба со цел да се запре повторното ширење на новиот коронавирус.

Ова ќе и овозможи на Владата да воведе полициски час и други ограничувања низ целата земја.

Владата на Санчез доцна синоќа објави дека повеќето од шпанските регионални лидери се согласиле за нова вонредна состојба, а условите треба да бидат разгледани на денешниот состанок.

Вонредната состојба и дава на националната Влада вонредни овластувања, вклучително и можност за привремено ограничување на основните слободи загарантирани со шпанскиот Устав, како што е слободата на слободно движење. (МИА)

Коронавирус