понеделник, 26. јули 2021. Вести денес: 181
home Вести

Во Шпанија помлади од 60 години вакцинирани со Астра Зенека сега можат да ја добијат и втората доза

Во Шпанија помлади од 60 години вакцинирани со Астра Зенека сега можат да ја добијат и втората доза

Шпанците на возраст под 60 години кои ја примиле првата доза на вакцината на Астра Зенека ќе им биде дозволено да добијат втора доза или од тој производител или од Фајзер, соопшти шпанската министерка за здравство Каролина Даријас.

Таа додаде дека ова е исклучок поради вонредни околности.

Шпанија во март ја ограничи употребата на вакцината на Астра Зенека против Ковид-19 на луѓе постари од 60 години, поради загриженост за можна појава на згрутчување на крвта кај помлади луѓе по вакцинирањето. Со тоа околу 1,5 милиони Шпанци кои ја примија првата доза на Астра Зенека беа во неизвесност.

Студијата Комбивакс, спроведена од шпанскиот институт за здравство Карлос III, утврди дека вакцинацијата со вакцината на Фајзер кај луѓе кои ја примиле првата доза на Астра Зенека е безбедна и ефикасна. (МИА)

Коронавирус