петок, 22. октомври 2021. Вести денес: 82
home Вести

Во Саудиска Арабија експлодира танкер

Во Саудиска Арабија експлодира танкер

Танкер со нафта, кој пловел под знамето на Сингапур, денеска експлодира пред најголемото пристаниште во Саудиска Арабија, а според првите извештаи, станува збор за насочен напад во кој немало човечки жртви.

Компанијата која е сопственик на бродот БВ Рајн (BW Rhine) го потврди нападот во Џеда, а сите 22 морнари успеале на време да го напуштат бродот.

– БВ Рајн беше погоден додека беше во пристаништето. По експлозијата дојде до голем пожар. Пожарникарите им помогнаа на морнарите и сите го напуштија бродот без повреди, изјави сопственикот на бродот, без да прецизира што точно го погодило танкерот.

Бродот носел 60.000 тони гориво, а властите ја објавија веста за експлозијата без да наведат детали.

Никој не ја презеде одговорноста, но експлозијата се случи во време кога Хутите во блискиот Јемен се во голема офанзива против Саудиска Арабија, во војната која трае веќе пет години.

Ова е четврти напад врз енергетската инфраструктура на Саудиска Арабија во изминатиов месец, а го отвора и прашањето за безбедноста на бродовите во Црвеното Море, клучна транзитна зона за глобална испорака и транспорт на нафта, што може да влијае на глобалните цени на овој енергенс. (МИА)

Локални избори 2021