среда, 23. октомври 2019. Вести денес: 0
home Вести

Во Санкт Петербург измерени рекордно високи температури на воздухот

Во Санкт Петербург измерени рекордно високи температури на воздухот

Во Санкт Петербург денеска се измерени 16,6 степени Целзиусови, што е највисока измерена темепература на денешен датум од 1918 година, кога се измерени 15,2 степени.

Пред три дена во Санкт Петербург температурата на воздухот изнесуваше 18,6 степени, со што исто така е соборен рекордот за 15 октомври од 19 век.

Според руските метеоролози се очекува пад на температурите во Санкт Петербург, а следната недела можно е и да падне снег.