вторник, 22. јуни 2021. Вести денес: 40
home Вести

Во САД задолжително носење маски во јавен превоз

Во САД задолжително носење маски во јавен превоз

Американскиот центар за контрола и превенција на болести издаде наредба што стапува на сила од понеделник според која – носењето маски е задолжително во сите средства за јавен превоз.

Американскиот претседател Џо Бајден им нареди на федералните агенции „веднаш да преземат мерки“ за воведување задолжително носење маски на аеродромите и патничките летови, во возови, патнички бродови, автобуси и сите други средства за јавен превоз.

Федералните агенции мора да ја спроведат претседателска наредба и да носат маски во сите федерални згради и имот.

Во внатрешната белешка на Белата куќа, патувањата на вработените во федералните институции мора да бидат ограничени само на „итни, неодложни“, а дозволениот број на вработени присутни на работното место е ограничен на 25 отсто. (МИА)

ЕУРО 2020

Македонија