сабота, 15. август 2020. Вести денес: 60
home Вести

Во САД за еден ден над 65.000 заразени со Ковид-19

Во САД за еден ден над 65.000 заразени со Ковид-19

Соединетите Американски Држави регистрираа 65.551 нови случаи на заразени со коронавирусот, што е нов мрачен рекорд за 24 часа, според податоците на универзитетот Џон Хопкинс.

Земјата, која е најтешко погодена од пандемијата во светот, има повеќе од 3 милиони луѓе заразени и 133.195 смртни случаи.

Претходниот дневен рекорд беше во вторникот, кога за еден ден беа пријавени повеќе од 60.200 случаи.

Коронавирус