понеделник, 14. јуни 2021. Вести денес: 0
home Вести

Во САД регистриран рекорден број починати од Ковид-19 за 24 часа

Во САД регистриран рекорден број починати од Ковид-19 за 24 часа

Во изминатите 24 часа во САД е регистриран рекорден број на смртни случаи од Ковид-19, покажуваат податоците на Универзитетот Џонс Хопкинс, според кои вчера починале 4.942 лица.

Претходниот рекорд беше на 12 јануари со 4.466 починати од Ковид-19.

Во изминатите 24 часа регистрирани се 119.931 новозаразени со коронавирусот, додека рекордот е на 2 јануари кога имаше 300.282 потврдени случаи.

Од почетокот на пандемијата во САД починаа повеќе од 455 илјади лица. Над 100 илјади се смртните случаи од почетокот на годинава. Повеќе од 26,6 милиони Американци имале коронавирус.

Околу 28 милиони Американци ја примија првата доза од вакцината против Ковид-19, а 6,9 милиони – двете дози.

ЕУРО 2020

Македонија