понеделник, 18. јануари 2021. Вести денес: 121
home Вести

Во САД повеќе од 2.000 починати од коронавирус за еден ден

Во САД повеќе од 2.000 починати од коронавирус за еден ден

Бројот на смртни случаи од коронавирус во САД надмина 2.000 за првпат од мај, а болниците низ целата земја веќе се полни.

Во изминатите 24 часа починаа 2.157 лица и беа заразени 170.000, додека експертите сугерираат дека бројот може да се зголеми, бидејќи милиони Американци патуваат за утрешниот празник на Денот на благодарноста и покрај повиците да останат дома.

Бројот на хоспитализирани низ Америка надмина 87.000 во изминатите 24 часа, додека 30 од 50 држави пријавија дека во ноември имаат рекорден број пациенти во болниците.

– Од почетокот на глобалната пандемија, САД имаатречиси 260 000 смртни случаи и 12,6 милиони заразени, најмногу во светот, а по патувањето по повод Денот на благодарноста, сигурно дека никој нема да не стигне, рече д-р Татјана Провел од Медицинскиот факултет на Универзитетот „Џонс Хопкинс“. 

Коронавирус