четврток, 23. јуни 2022. Вести денес: 0
АКТУЕЛНО

Падна владата во Бугарија, Кирил Петков повеќе не е премиер

home Вести

Во САД од Ковид-19 починале еден милион луѓе

Во САД од Ковид-19 починале еден милион луѓе

Бројот на смртни случаи од почетокот на пандемијата на Ковид-19 во САД денеска се искачи на еден милион, помалку од две и пол години од почетокот на пандемијата.

Бројот на починати е утврден врз основа на посмртници од Центарот за здравствена статистика на Американскиот центар за контрола и превенција на болести. Се проценува дека вистинскиот број на директни или индиректни смртни случаи од Ковид-19 е многу поголем, поради нарушувања во здравствениот систем. Пред три месеци, вкупно во САД имаше вкупно 900.000 починати од Ковид-19.

Во моментов, просечната дневна смртност од коронавирус во САД е околу 300, додека за време на врвот во јануари 2021 година, таа изнесуваше околу 3.400 смртни случаи дневно.

Три четвртини од починатите имале 65 или повеќе години, и повеќе се мажи отколку жени. Најмногу луѓе починале во урбаните средини.

Коронавирус