недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Во САД изминатото деноноќие потврдени 2.562 смртни случаи

Во САД изминатото деноноќие потврдени 2.562 смртни случаи

Во изминатите 24 часа во САД се регистрирани 2.562 починати лица од Ковид-19, што е најголем број смртни случаи за еден ден од април досега, соопшти Универзитетот Џон Хопкинс.

Според Универзитетот, во истиот период се потврдени повеќе од 180.000 новозаразени од коронавирус.

Бројот на хоспитализирани пациенти во САД достигна, исто така, рекордна бројка од 99.000. Ситуацијата со Ковид-19 е особено тешка во неколку држави од Средниот запад, меѓу кои Индијана и Јужна Дакота.

Експертите стравуваат од нов пораст на бројот на заразени по прославувањето на празникот Ден на благодарноста, кога милиони Американци заминуваат да се видат со роднини и пријатели, и покрај препораките за воздржување од патувања.

Во САД од почетокот на пандемијата се потврдени над 13.700.000 заразени и повеќе од 270.000 починати лица.

Коронавирус