среда, 22. септември 2021. Вести денес: 0
home Вести

Во САД 70 отсто од возрасните примиле барем една доза вакцина

Во САД 70 отсто од возрасните примиле барем една доза вакцина

САД ја достигнаа стапката од 70 проценти од возрасните кои примиле барем една доза од вакцината против коронавирус, речиси еден месец по предвидениот рок поставен од американскиот претседател Џо Бајден.

Податоците од Центарот за превенција и контрола на болестите (ЦДЦ), исто така, покажуваат дека 60,6 проценти од возрасните и 49,7 проценти од вкупното население се целосно имунизирани.

Планот на Бајден беше 70 проценти од Американци да бидат вакцинирани до 4 јули, на Денот на независноста на САД.

Побавната кампања за вакцинација, во комбинација со ширењето на многу заразна делта варијанта на коронавирусот, доведоа до тоа дневниот број на заразени во САД да надмине 70.000.

Коронавирус