Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) од почетокот на годината разби 12 терористички ќелии, соопшти денеска директорот на ФСБ Александар Бортиков на состанокот на Националниот комитет за борба против тероризмот.
– Разоткриени се дури 12 тајни терористички ќелии. Од почетокот на годината уапсени се 189 членови на банди и нивни соработници, наведе тој.
Бортников, кој претседава со Националниот комитет за борба против тероризмот, изјави дека во акциите на ФСБ биле убиени 15 припадници на терористички ќелии.
МИА