сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 59
home Вести

Во Русија кон крајот на следниот месец можна масовна вакцинација против Ковид-19

Во Русија кон крајот на следниот месец можна масовна вакцинација против Ковид-19

Масовната вакцинација против новиот коронавирус во Русија може да почне веќе на крајот на октомври, изјави денес Фјодор Лисицин од Националниот истражувачки институт за епидемиологија и микробиологија на руското Министерство за здравство, „Гамалеја“.

Лисицин објасни дека третата фаза од тестирањето на вакцината Спутник V треба да заврши до крајот на октомври.

-Масовната вакцинација ќе почне веднаш штом ќе заврши третата фаза. Се надевам дека ќе биде успешна, рече Лисицин во интервју за телевизијата Русија-24.

Тој додаде дека организирање на производство за вакцини се разгледува заедно со странски партнери.

-Фармацевтските компании во Индија се способни да произведат доволно вакцини за половина од планетата, доколку работат со полн капацитет, рече Лисицин.

На 11 август Русија ја регистрираше првата вакцина во светот против коронавирусот. (МИА)

Коронавирус