среда, 18. септември 2019. Вести денес: 100
home Вести

Во Романија запленет повеќе од еден тон кокаин

Во Романија запленет повеќе од еден тон кокаин

Романските власти денеска соопштија дека заплениле повеќе од еден тон кокаин со висок квалитет, кој бил скриен на брод што се превртел во делтата на реката Дунав.

Полицијата проценува дека верноста на запленетата дрога на нарко пазарот изнесува околу 300 милиони евра.

Главниот обвинител во романската Управа за борба против организираниот криминал и тероризмот, Феликс Банила изјави дека полицајците го нашле кокаинот на 22 март крај превртен брод во местото Свети Ѓорѓи, во источна Романија. Тој додаде дека властите во врска со случајот привеле двајца Срби.

Дрогата била пронајдена неколку дена откако полицијата открила сличен пакет со кокаин во таа област, кој најверојатно испаднал од камион.

Банила изјави дека дрогата стигнала по морски пат и дека минувала низ Романија.