вторник, 22. јуни 2021. Вести денес: 132
home Вести

Во Романија вакцинацијата против коронавирусот нема да биде задолжителна

Во Романија вакцинацијата против коронавирусот нема да биде задолжителна

Романскиот премиер Флорин Кацу денеска во Парламентот потврди дека вакцинацијата против коронавирусот нема да биде задолжителна.

– Постои предлог-закон за вакцинација кој веќе три години е во Собранието и нема никаква врска со тековната кампања за имунизација, одговори Кацу на прашањето за можноста населението да биде законски обврзано да се вакцинира против Ковид-19.

Тој додаде дека немало никаква дискусија за тоа и дека министерот за здравство Реад Араф веќе претходно објавил дека кампањата за вакцинација против Ковид-19 нема да биде задолжителна за населението. (МИА)

ЕУРО 2020

Македонија