среда, 19. јануари 2022. Вести денес: 72
home Вести

Во ресторан на македонски иселеник: Претседателот на Австрија фатен додека го крши полицискиот час заедно со сопругата

Во ресторан на македонски иселеник: Претседателот на Австрија фатен додека го крши полицискиот час заедно со сопругата

Претседателот на Австрија, Александар Ван дер Белен, се извини денеска откако полицијата во друштво на неговата сопруга Дорис Шмидауер го фати во ресторан во центарот на Виена по полноќ.

Претседателот со сопругата бил во ресторан по полноќ иако на кафулињата и рестораните им е дозволено да работат до 11 часот, поради епидемијата на коронавирус.

Ван дер Белен го потврдил инцидентот за весникот Кронен Цајтунг и се извинил, велејќи дека разговарал и заборавил на времето.

Полициските службеници пристигнале на контролниот пункт кога ги нашле претседателот и првата австриска дама како пиеле на терасата по полноќ.

Во Австрија, поради епидемијата, на кафулињата и рестораните им е дозволено да работат до 23 часот. Инаку, сопствениците можат да бидат казнети со казна до 30.000 евра.

Ресторанот бил официјално затворен кога полицијата влегла.

„Навистина ми е жал. Тоа беше грешка“, изјави Ван дер Белен.

Инаку, ресторанот каде бил фатен претседателот, е во сопственост на македонски иселеник Аки Нуредини.

Коронавирус