недела, 27. септември 2020. Вести денес: 28
home Вести

Во пожарите во САД загинаа најмалку 28 луѓе

Во пожарите во САД загинаа најмалку 28 луѓе

Најмалку 28 лица загинаа во пожарите кои беснеат во западните американски држави.

Најголем број на смртни случаи се забележани во Калифорнија, каде 19 лица загинаа во пожарите. Најголемиот број жртви е пријавен во последните неколку дена

Во западните американски држави, регистрирани се повеќе од 100 пожари кои опфаѓаат над 1,9 милиони хектари, а најтешко погодени се Калифорнија, Орегон и Вашингтон.

Портпаролот на Белата куќа Џуд Дир изјави дека претседателот Доналд Трамп утре патува во Калифорнија, со цел да добие извештаи за моменталната состојба од локалните власти. (МИА)

Коронавирус