сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 72
home Вести

Во пожари во Калифорнија пронајдени тела на пет жртви

Во пожари во Калифорнија пронајдени тела на пет жртви

Тела на пет луѓе се пронајдени изгорени во нивните автомобили откако пожар уништи речиси цел град во Калифорнија.

Пожарот во градот Парадајз се ширел толку брзо што пожарникари не можеле ништо да направат да го локализираат, изјавија американски официјални лица.

Пожарот зафатил површина од околу 280 км квадратни целосно е вон контрола. Поради пожарот кој беснее ширум Калифорнија, евакуирани се 157.000 луѓе.

Постои непосредна опасност од пожарите да бидат уништени 15.000 куќи и 2.000 комерцијални објекти. Во пожарот досега се уништени над 2.000 домови и силниот ветар продолжува да го шири огнот, јавуваат американски медиуми.

Коронавирус