недела, 27. септември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Во пожар во болница во Индија загинаа осум пациенти со коронавирус

Во пожар во болница во Индија загинаа осум пациенти со коронавирус

Во пожар што избувна утрово во болница во западна Индија загинаа осум пациенти заболени од новиот коронавирус, соопштија официјални лица.

Пожарникари со 15 противпожарни возила го гаснеле пожарот во одделот за интензивна нега во болницата Шреј во Ахмедабад, што бил изгаснат за половина час, изјави претставник на пожарникарите.

Според него, 35 пациенти биле пренесени во други болници.

Официјален претставник од индиската држава Гуџарат изјави дека најверојатна причина за пожарот е краток спој. Тој додаде дека еден болничар добил изгореници додека се обидувал да го изгасне пожарот.

Коронавирус