вторник, 23. октомври 2018. Вести денес: 2
home Вести

Во поплавите во Нигерија загинаа речиси 200 луѓе

Во поплавите во Нигерија загинаа речиси 200 луѓе

Бројот на загинати во поплавите во централна и јужна Нигерија се искачи на 199 луѓе, соопшти денеска националната Агенција за вонредни ситуации.

Од поплавите предизвикани од обилните дождови, кои почнаа пред три недели, погодени се една третина од вкупно 36 сојузни нигериски држави.

Сезоната на дождови речиси секоја година предизвикува поплави во Нигерија, а во 2012 година загинаа 363 луѓе.