сабота, 28. март 2020. Вести денес: 93
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Во поплавите во Индија загинаа над 350 луѓе

Во поплавите во Индија загинаа над 350 луѓе

Повеќе од 350 луѓе загинаа, а околу 800.000 се раселени поради поплавите кои ја погодија провинцијата Керала, јужна Индија.

Дождовите почнаа на 8 август и предизвика поплави и лизгање на земјиштето. Илјадници спасувачи со стотина чамци и неколку десетина хеликоптери  се обидуваат да пристигнат до луѓето кои се во изолирани области.

– Временските услови се значително подобрени и се очекува до понеделник да бидат спасени 10.000 жители, кои и понатаму се заглавени, изјави претставник на индиската Управа за катастрофи П.Х. Куријан.

Во поплавите се оштетени околу 10.000 патишта, а еден од главните аеродроми од вторникот е затворен, а повторно ќе биде  отворен на 26 август.

Околу 800.000 жители на Керала се префрлени во околу 4.000 кампови ширум провинцијата.

МИА