понеделник, 21. септември 2020. Вести денес: 186
Во живо

Следете во ЖИВО прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ

home Вести

Во поплави и свлечишта во Калифорнија загинаа 13 лица

Во поплави и свлечишта во Калифорнија загинаа 13 лица

Најмалку 13 лица загинаа во јужна Калифорнија, која е погодена од зимска бура, проследена со рекордни врнежи од дожд. Ваквите временски услови предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето.

Во бурата повредени се 163 лица, од кои четворица се во критична здравствена состојба, јави Би-Би-Си. Властите стравуваат дека бројот на жртви ќе се зголеми. Се претпоставува и дека околу 300 луѓе се блокирани источно од Санта Барбара. На тамошните жители им беше наложено да се евакуираат, но тоа го сториле само 15 отсто од населението.

Полицијата ги опишува свлечиштата како „бојно поле од Првата светска војна“.

Спасувачките тимови со хеликоптери ги евакуираат погодените лица од покривите.

Патиштата се блокирани, а илјадници останаа без електрична енергија.

Во поширокиот регион на Лос Анџелес, тимови работат на расчитување на улиците.

Куќите на клизиштата се поместувани од темели, а водата носи кал и смет од соголените ридови преку населбите и до клучните сообраќајници. На одделни места, наносите од кал се со висина од 1,5 метри. Метеоролозите предупредуваа на појава на свлечишта, поради ридовите кои во минатомесечните пожари во Калифорнија останаа речиси без вегетација.

Коронавирус