понеделник, 21. септември 2020. Вести денес: 60
home Вести

Во Полска рекорден број на заразени со коронавирус

Во Полска рекорден број на заразени со коронавирус

Во Полска во последните 24 часа забележан е рекорден дневен раст на бројот на заразени со вирусот корона, откако се потврдени нови 680 случаи

Според официјалните податоци, во оваа држава регистрирани се уште шест смртни случаи.

Новиот број на заболени е последица на јавните собири и ширење на вирусот меѓу рударите, јавуваат медиумите.

Вкупниот број на заболени лица во Полска е 48.149 случаи, а починати се 1738 лица.

Коронавирус