среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 137
home Вести

Во поголемиот дел од Нов Зеланд укинати рестриктивните мерки

Во поголемиот дел од Нов Зеланд укинати рестриктивните мерки

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн денеска ги укина сите антиепидемиски мерки што беа во сила во земјата поради Ковид-19, со исклучок на градот Оукланд, кој е жариште на вториот бран на епидемијата, каде беа укинати само некои ограничувања.

Денеска во Нов Зеланд не се евидентирани нови случаи на зараза, така што вкупниот број на потврдени случаи на Ковид-19 е 1.464, а бројот на смртни случаи од болеста е 25.

Пред неколку месеци се чинеше дека во Нов Зеланд е запрена локална трансмисија на Ковид-19, но вирусот повторно се појави во Оукланд во август, па властите мораа повторно да воведат карантин во тој град.

Нов Зеланд има пет милиони жители, а во Оукланд, најголемиот град во земјата, од денеска ќе бидат можни собири во групи до сто луѓе.

Коронавирус